Конференција за безбедност на патиштата – KRSKRR – K.R. për Siguri në Komunikacionin Rrugor

Трудови и презентации од 1 Меѓународна конференција за безбедност на патиштата

Фото-галерија од 1 Меѓународна конференција за безбедност на патиштата

Безбедноста во патниот сообраќај претставува заедничка одговорност на меѓународно, регионално, национално и локално ниво. За да се постигне ниво на хармонија и безбедност во сообраќајниот систем потребен е мултидисциплинарен пристапод страна на сите инволвирани страни во општеството коишто на било каков начин се поврзани со безбедноста на сообраќајот. Ваквиот пристап бара сериозно институционално лидерство и соработка во рамките на системот, ангажирање на јавниот и приватниот сектор, граѓанското општество и медиумите.

РСБСП во Република Македонија е водечко тело од областа на сообраќајот кое работи во делот на унапредување и развивање на сообраќајното образование, култура и етика кај сите учесници во сообраќајот, иницира соработка и имплементација на активности и мерки за подобрување на безбедноста во патниот сообраќај.

Градењето на ефективен и ефикасен систем за намалување на бројот на сообраќајни незгоди и жртви во сообраќајните незгоди е долгорочен процес кој бара посветена работа и користење на најдобри пракси и искуства од земјите коишто веќе успеале да развијат сериозен систем за управување со безбедноста во патниот сообраќај.

Во насока на остварување на целите предвидени со Декадата за безбедност на патниот сообраќај и размена на најдобри практики и искуства, РСБСП на Република Македонија ја организира 1та Меѓународна Конференција со наслов: „Управување со безбедноста на патниот сообраќај во Југоистична Европа-предизвици и насоки за  дејствување “.

Конференцијата ќе се одржи во периодот од 29.09.2016 година  до 01.10.2016 година во Хотел Александар Палас во Скопје. На конференцијата ќе бидат изложени научни трудови по повик, ќе биде реализирана и тркалезна маса на која претставници од водечките тела за безбедност во патниот сообраќај од земјите во регионот ќе ги претстават најдобрите практики и искуства за унапредување на безбедноста на патниот сообраќај во нивните земји.

Покровител на конференцијата:

Претседател на Република Македонија
Д-р Ѓорге Иванов

Теми на конференцијата:

  • Управувањето со безбедноста во сообраќајот предизвик на секое современо општество;
  • Подобрување на безбедноста на патната мрежа;
  • Унапредување на безбедноста на возилата;
  • Подигнување на свеста и унапредување на сообраќајната култура кај учесниците во сообраќајот;
  • Подигнување на квалитетот на увидните групи и увидната документација-предуслов за коректно детерминирање на причините за случување на незгодите;
  • Зајакнување на капацитетите на локалната власт за управување со безбедноста на локално ниво;
  • Унапредување на безбедноста на ранливите групи на учесници во сообраќајот;
  • Намалување на сериозноста на последиците од сообраќајни незгоди;
  • Фиктивни сообраќајни незгоди и измами во осигурувањето.

Учесници на конференцијата:

  • Универзитетски професори од земјите во регионот;
  • Претставници на водечките тела за безбедност на сообраќајот;
  • Претставници од Министерство за внатрешни работи;
  • Вешти лица од областа на сообраќајот;
  • Претставници од локалната власт;
  • Сообраќајни инженери;
  • Осигурителни компании;
  • Студенти.    

Котизацијата изнесува 6 000 денари и вклучува:

  • Акредитација и присуство на сите активности на конференцијата;
  • Материјали од конференцијата;
  • Коктел за време на паузите;
  • Свечена вечера;
  • Екскурзија;
  • Сертификат за учество.

Напомена: Во котизацијата не е вклучено сместувањето и јадењето.

Информации за уплата на котизација:

Републички совет за безбедност на сообраќајот на патиштата
Ул.Ѓорѓи Димитров бр.13, 1000, Скопје, Република Македонија
Жиро сметка: 300000002200869 – Комерцијална Банка АД Скопје
Назнака: Котизација за Меѓународна конференција
Даночен број: 4030962270620
ЕМБС: 4068262
Тел: +389 2 270 0 048
Емаил: irsc2016@rsbsp.org.mk

Согласно горенаведеното, а во насока на успешна реализација на 1та Меѓународна Конференција за безбедност на патиштата, ќе ни биде особено драго доколку и Вашата институција учествува на овој настан со соодветни претставници кои ќе земат активно учество во сите панел дискусии, а со тоа и директно ќе допринесат кон зголемување на безбедноста на сообраќајот на патиштата.

Работени јазици на Конференцијата ќе бидат Македонскиот и Англискиот.

Трошоците за учество на Конференцијата ги покрива секоја институција посебно, за сите нејзини учесници.

 

KRSKRR © | Politika e privatësisë
Developed by RCRTS